„Гол живот“ (Прво па женско 10)

перформанс на Оља Грубиќ (Виа Негатива, Љубљана)

концепт и идеја на Оља Грубиќ

Не е наменето за малолетна публика

Голите женски фигури бараат место во публиката, на сцената, покрај ѕидовите во просторот. Рендањето зеленчук има централна улога во перформансот: изведувачките рендаат моркови, тиквички и краставици во сексуално обележани положби. Жената е претставена како домаќинка и сексуален објект во еден чин, а во исто време, фрагменти од менталниот тек на изведувачот се расплетуваат паралелно со звукот. 

„Гол живот“ нѐ повикува да размислиме што значи да се биде вид на живо суштество во светот, да се има тело, услови за постоење, можност за живот? Идеологијата не е решение. Животот е надвор од тоа. Преку поетскиот јазик, „Гол живот“ ја визуелизира интимноста на животното присуство на човечкото тело и динамиката помеѓу неговото физичко, ментално и емоционално постоење.

По секоја изведба, изведувачките го запишуваат својот тек на мисли којшто им се појавил за време на сцената со рендање зеленчук.

сала 25 Мај