ученици од трета и четврта година на ЈУБ паралелките при СУГС “Орце Николов“
Уметниците се сонувачи. Во уметничките соништа, централно место имаат делата. Апстрактни или форматирани, обоени или монохроматски. Во или без рамки, поставени по ѕидовите или нанижани на паноа. Како и секоја генерација на слободоумни и креативни ЈУБ паралелки при СУГС “Орце Николов”, во изминатите месеци неуморно се работеше во остварување на визијата за Завршна Узложба на учениците од трета и четврта година. Оваа година, соништата на Орцашките уметници станаа реалност. На половина пат не пресретна Младинскиот културен центар, кој со нивниот галериски простор, уште еднаш докажа дека ја поддржува младината и ни овозможи да го оствариме нашиот СОН. Изложбата традиционално се организира на крајот на секоја учебна година и има за цел да се изложи креативниот труд на учениците, нивната инспирација и идеите карактеристични за нивната генерација, како и да излезат со своите дела од училишната зграда и да се претстават на јавноста во простор или галерија на културните институции, на некој начин да се случи соработка помеѓу образовните и културните чинители. Тоа претставува особен поттик на учениците да се изразат во областа која најмногу им “лежи” – визуелните уметности.
Ќе бидат изложени бројни ликовни творби во различни техники од традиционални до дигитални. Изложбата ќе се отвори на 6.5.2023 во 19 часот во МКЦ и ќе биде отворена до 13.6.2023.
Изложбата трае до 13 јуни.