Најновата театарска претстава на Артопија
- Колективно авторство
- Дизајн на сценски простор: Ненад Тонкин
- Оригинална музика: Дино Имери
- Продукција: Артопија
Оваа претстава ја сонуваме 10 години. Почнувавме да ја правиме неколку пати. Последниот пат кога почнавме, решивме да не ја завршиме никогаш.
Прашање е дали ГЛУМиЦИ е воопшто претстава за глумици или за глумци, за театарот, за сите нас во него или за него во светот, за славата, блесокот, за сето она за што мечтаеме, за страдањето, за носењето на својот крст и верувањето. Можно е да не е. Можно е да не е ни претстава. Можно е да е нешто повеќе.
Не знаеме. Не знаеме ни дали никогаш досега не сме го правеле ова или отсекогаш сме го правиле токму ова.
Да пробаме заедно, па ќе видиме.
Благодарност до Слободанка Чичевска, Маја Андоновска Илијевски, Викторија Степановска Јанкуловска, Соња Ошакова, Елена Моше, Адријана Билаловиќ, Кујтиме Ахмети, Ајше Усеини, Афродита Џафери, Ирена Мирческа, Матеа Јанковска, Ангела Димитрова, Катерина Илиевска Силјановска, Ангела Стојановска, Соња Ставрова, Марјан Петковски, КСЦ Јадро и МКЦ.