Инклузивни работилници
Истражувањата покажуваат дека децата со пречки во развојот и децата со типичен развој постигнуваат подобри резултати кога учат заедно во училиште. Отаму целосната инклузија на деца со попреченост во образование е придобивка за општеството.
Проектот „Глинени традиционални изработки“ има за цел младите творци да ги запознае со керамиката како една од најстарите ликовни дисциплини на применетата уметност.
Планирани се 6 работилници во кои ќе учествуваат 7 типични деца и 7 деца со посебни потреби. Работата со децата ќе биде интерактивна, работа во парови, каде што секое дете ќе учи и помага од партнерот во групата. Ќе се запознаваат, ќе се надополнуваат и ќе се дружат.
Истите ќе бидат реализирани во последната недела од март (26-ти, 27-ми, 28-ми) и првата недела од април (1-ви, 2-ри 3-ти). Работилниците ќе се одржуваат во ДКЦ при МКЦ.