- сцена: МКЦ, сала Фросина
Војдан Чернодрински – Прилеп (МКД)
Режија: Branko Brezovac
Времетраење: 90’
Јазик: македонски
Улоги: Andon Jovanoski, Daniela Ivanoska, Zoran Ivanoski, Angela Naumoska, Dimitar Crcoroski, Isidor Jovanoski, Trajce Ivanoski, Igor Trpceski, Ana Mitoska Stojanoska
Автор: Miroslav Krleza
Режија и адаптација: Branko Brezovac
Композитор: Nikola Micevski
Сценограф: Ivana Knez
Костимограф: Suzana Brezovec
Светло: Riste Grkovski, Boban Smislkoski
Тон: Tome Temelkoski
Драматуршка соработка: Lidija Mitoska-Gjorgjieva
Соработник на сценографот и сликарски работи: Pece Risteski

Изворно, „Глембаеви“ зборува за пропаѓањето на една голема капиталистичка фамилија, за тоа колку тешко настанала големината на таа фамилија, како со лукавство се одржувала и како перверзно пропаднала. Во време на денешната тајкунизација, која владее со сите транзициски простори од Балтикот до Солун, темата на оваа драма ни се чини клучна за храбриот влез во вибрирањето на театарската современост и непобитна актуелност. Неморалот е услов и лост на глембаевското богатство, но препреденоста на бесчувствителноста одамна се учи во јавните училишта и установи.
„Глембаеви“ се, ако сакаме, критика на нововековната тајкунска чудовишност, но критичар на таа чудовишност ама баш никако не може да се пронајде во корпусот на таа драма. Може само што побрзо да се признае дека метежот и матнината се мрачни, какви-такви, темели на нашата ослободеност за и пред проблемот.
Нема спас во нацијата, нема ни морал, нема религиозност, спасение, совест. Има матно во нас и со признавањето на таа матнина, да основаме еден поодржлив свет на неподнослива чувственост и изнудена човечност.