Глаголица / кирилица

Отворена трибина „Глаголицата и кирилицата низ призмата на богатото македонско културно наследство и нивната примена“

Воведен збор: Елка Јачева-Улчар
Презентери: Лазе Трипков (глаголица), Ласко Џуровски (кирилица)

Во воведното излагање Елка Јачева –Улчар ќе се осврне врз глаголицата и кирилицата како две азбуки што егзистирале и егзистираат на наша почва од јазично-историски аспект. Лазе Трипков преку презентација посветена на глаголицата ќе ни ги прикаже глаголските букви низ сопствената визура и нивното симболичко значење. Ласко Џуровски, пак, на презентацијата на македонската кирилица ќе ни ги посочи предизвиците со кои се соочува таа во дигиталната ера и ќе ни понуди неколку решенија за нивно надминување.


Трибината кореспондира со изложбата „Македонска глаголица. Македонска кирилица“, која од 28 февруари ќе биде поставена во Галерија МКЦ.


  • Настанот ќе биде организиран со почитување на актуелните ковид-протокли

сала Фросина