ЏИФОНИ 2022

Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ го слави својот десетти јубилеј. 

И оваа година над 500 студенти од Македонија и други европски земји ќе гледаат филмови, ќе дискутираат, ќе следат креативни работилници, ќе се сретнат со успешни уметници, ќе ги запознаат културата и традициите на своите другарчиња од странство  и многу ќе се забавуваат.

Свеченото отворање на Фестивалот ќе се одржи на 5 октомври, во 19 часот, во Кино Милениум во Скопје, со проекција на филмот „Итало“ на Алесија Скарсо, приказна за нежното и трогателно пријателство помеѓу едно осамено момче и едно куче кое е пример за човечност. 

Фестивалските активности ќе продолжат од 6-ти до 10-ти октомври во Кинотеката и Младинскиот културен центар со богата програма на активности резервирана за учесниците на фестивалот, но и со низа настани отворени за публиката

Повеќе информации за програмата можете да најдете на www.giffoni.mk

Завршната вечер ќе се одржи во Кино Милениум на 10 октомври во 19 часот, а во таа прилика ќе ги објавиме победничките филмови за сите категории и ќе ги прикажеме творбите кои ќе произлезат од петдневните креативни работилници. 

Следете нѐ и не ги пропуштајте сите новости што ги подготвуваме за вас!

Ве очекуваме на Џифони Македонија!

сала Фросина