FUNK SHUI

Вториот концерт на Фанк шуи е закажан на 9 април во сала Фросина

По точно 4 години, Фанк шуи се враќаат со самостоен концерт, на 31 март во МКЦ!

Овој концерт воедно претставува и промоција на долгоочекуваниот трет студиски албум насловен „Никогаш пак“, во кој се наоѓаат добро познатите хитови „Крик“, „Метеори“, „Ветер“, „Не време“.

Со позитивните импресии од регионот и пошироко се потврди дека бендот од Скопје успешно ги надминува јазичните бариери во пренесување на музичката порака;
Фанк шуи штотуку се вратија од мини европска турнеја во која во во изминатава година оддржаа концерти во Лондон, Ливерпул, Виена, Берлин, Ајндховен, Варшава, Краков, Гронинген, како и 10-ина концерти низ Балканот.

Фанк шуи неодамна го издадоа и новиот сингл „Магла“, кој е дел од новиот албум „Никогаш пак“.
Синглот доби свој анимиран видеозапис и е веќе достапен на сите онлајн стриминг-платформи. Анимираното музичко видео е под капата на белградската продукција FriedTV (ЃорЃе Јовановиќ, Вук Таталовиќ, и Јосип Модли).

Во изминатите неколку години, Фанк шуи бројат повеќе видеонагради и признанија за спотовите за „Метеори“, „Ветер“ и „Не време“, како и многубројни номинации од страна на етаблираните AWMA 2021, HEMI Awards, WMA 2022, Balkan Rock, Музика ХР и др.

Влезниците за концертот ќе бидат во продажба онлајн на bileti.mkc.mk, како и на билетарницата на МКЦ.

Првите 100 билети – по цена од 300 ден,
останатите – 400 ден,
a на денот на концертот – 500ден.

300,- | 400,- | 500,-

сала 25 Мај