Повелете на самостоен предновогодишен концерт на Foolish Green на 09.12.2021 во 21.00 часот во кино Фросина, МКЦ. По неколку годишна пауза Foolish Green повторно е во погон со најава за нов албум на почетокот на 2022.
„Foolish Green“ е проект зад кој стои Ненад Стефановски Брус, алтернативен музичар од Скопје, познат по својата работа како продуцент на „Green Out“, „Легијата“, „Против сите“ и др.
По ЕП-изданието „Sun is Gone”, го објавија својот прв лонг-плеј албум, наречен „Escape“.
- Настанот ќе биде организиран со почитување на актуелните ковид-протоколи