Со огромно задоволство ви го најавуваме настанот што бендот го чекаше во својот роден град Скопје, во МКЦ, Денсинг сала. Целовечерен концерт на Foolish Green и промоција на албумот „Soul Revival“, а по полноќ и небото ќе нѐ почасти со полноцветна месечина.
Foolish Green се повеќе од 10 години на локалната и европската сцена а лани го издадоа албумот „Soul Revival“, кој ќе биде презентиран во живо, но ќе бидат отсвирени и голем дел од песните од претходните изданија.
Јубилејни 10 години и од издавањето на првиот албум „Escape“, па повторно ќе се подружиме со екипата од Funky Fresh, DJ Goce и DJ Chvare, LD Pistolero, R.O.N.I.N од Легијата и Rootsman I од Conquering Lion.