книжевен настан за деца (и возрасни)
Ќе има и работилници за деца, музичка програма и саем на книги.
Во духот на рециклирањето („Старо купувам“) децата ќе имаат прилика да донесат стари играчки и да ги разменат или да ги донираат во хумани цели.
ПРОГРАМА:
Водителка и ‘старокупувачка’: Матеа Јанковска
Промоција на сликовницата „Споменик од песни“ – поезија од Видое Подгорец, илустрирана од Ване Костуранов.
Книгава е прва во новата едиција „Старо купувам“, која ги спојува старите и новите автори, на класичните текстови им дава ново, модерно руво.
Песни чита: Ивана Павлаковиќ
Промоција на збирката песни „Девет приказни во чудната шума“ од Пандалф Вулкански со илустрации од јапонскиот илустратор за деца Такео Такеи.
Песни читаат: Пандалф Вулкански и Ивана Павлаковиќ
Разговор: „Фини деца со сликовници“
Учесници: Ване Костуранов, Никола Гелевски, Фросина Крушкаровска
Детска музичка програма
– Разговор и промоција на сликовницата „Морис и фустанот со боја на мандарина“ од канадските авторки Изабел Маланфан и Кристин Балдачино.
– Прикажување на краток анимиран филм според сликовницата
– Видеообраќање на авторките на сликовницата
Учеснички: Фросина Крушкаровска, Тијана-Ана Спасовска, Марија Бошковска, Ана Блажева
ПРИДРУЖНА ПРОГРАМА (18.30 – 21.30):
-цртање
-изработка на куќички за птици од рециклирани материјали
-изработка на колажи од рецилирани материјали
Аниматори: Доротеј Нешовски и Ненад Тонкин
Пријавување: nesovskidoro@gmail.com или во инбокс на Темплум
2. Размена и донации на стари играчки
Донесете ги своите стари играчки за нови авантури
3. Мал саем на книги за деца
Влез: бесплатен
Oрганизатор на настанот е книгоиздателство Темплум;
Организација: Никола Гелевски, Фросина Крушкаровска, Срѓан Јаниќиевиќ
Видеотизер и други промотивни материјали за настанот: Ивона Ѓорѓијовска