„ФИЛМСКИ ПЕСНИ“

Промоција на поетска книга од дејан трајковски

Промотор: Гоце Смилевски
Музичка придружба: Пијан Славеј и Гоце Јованоски

„…Во поезијата на Трајкоски сведоци сме за едно суптилно чувство за детаљот, и имаме впечаток сличен на оној како кога камерата, во остварувањата на одредени синеасти се приближува до одреден објект не само за да ни го направи она што го снима повидливо и повпечатливо, туку и создавајќи едно скоро хипнотичко дејство, или поскоро – трансцендентално чувство на понирање на набљудувачот не само во визуелната димензија, туку и во суштината на она што се набљудува: како да нѐ води некаде отаде видливото.

…Поезија на метафизичко проникнување на човековата егзистенција, низ дијалог со филмовите, или делови од нив.

…Читајќи ја оваа поетска збирка на Трајкоски, соочени сме со поезија богата со специфична визуелна имагинација, и честопати имаме впечаток дека стиховите полни со интимни рефлексии, како и оние со контемплации, се менуваат со стихови со таков визуелен набој, како да се снимени, кадрирани, монтирани, зумирани…

…Впечатливата симбиоза на поетското, визуелното и контемплативното.“

-Гоце Смилевски


Дејан Трајкоски е роден 1977 година во Прилеп. Дипломирал филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје. Идеен автор и организатор на фестивалот ПРО-ЗА Балкан. Основач и уредник во издавачката куќа Прозарт медиа. Автор е на романите „Вистина. Љубов. (рашомонијада)“ (2012) и “Неверство“ (2014). Овој роман е преведен на англиски, германски, арапски, српски, ерменски, албански и бугарски јазик.
Работел како новинар, селектор на филмски фестивал, уредник, издавач… Бил член во жирија на филмски и литературни фестивали во странство: Варшава филм фестивал, Мотовун филм фестивал, Котбус филм фестивал, Литературниот фестивал „Виленица“. Бил член на Интернационалната федерација на филмски критичари ФИПРЕСЦИ. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Македонскиот ПЕН-центар.


кафе МКЦ