Филип Букршлиев трио

Грациозно и полека, но со голема сигурност, господинот Филип Букршлиев, се профилира во еден од најквалитетните гитаристи на македонската сцена. Публиката го запозна преку инди/метал/кросовер/џез-авантурите на неговиот состав Fighting Windmills, но развојот што следеше, пријатно ги изненади сите, освен можеби себе самиот. Загадочен и со малку особен стил, господинот Букршлиев, во полутајност разви мошне интересна композиторска аура. Неговата џез-гитара е наслушана, комплексна и решена да оди на места каде што нашите уши секако би сакале да бидат.

Последниве години, тој е дел од неколку извонредно талентирани џез-состави и редовно издава албуми. За ПМГЏЕЗ има и соло гитарско издание минатата година. Триото е прва негова композиторска инкарнација во оваа форма, со силно талентираната Андреа Мирческа на контрабас и тапанарот Славчо Коцев. Прекрасна млада екипа, која звучи беспрекорно. Музика што содржи сериозна субстанца, но во исто време е отворена и комуникативна за љубопитната џез и не само џез-публика. Би рекле прекрасна можност да се изнаслушате квалитетна музика во живо. Албумот може да се набави овде:


  • Настанот е организиран согласно протоколите за организирање настани во затворен простор. Ве молиме да се придржувате кон истите. Бројот на посетители е намален, носењето маски е задолжително за време на целиот настан.
  • Влезот за публика е во 19:30, концертот почнува точно во 20:00.

сала Фросина