Fight

ОТВОРАЊЕ НА ГРУПНАТА ИЗЛОЖБА НА СтудиоТО Print Nest

Процесот на создавање е борба. Од раѓањето на идејата и обидите да ја контролирате, до моментот кога ќе сфатите дека немате голема контрола врз она што се случува. Борбата со технологијата, времето, планираните и неочекувани настани, емоции што го придружуваат авторот во процесот на создавање. Внатрешната борба да не фрлите сѐ што сте направиле досега. Прашањата што се наметнуваат – „Зошто треба да се бориме?“, Зошто не одиме со тек? Борбата да се спротивставиме на искушението да започнеме нешто ново.


Pint Nest е студио во кое се собрани уметници заљубени во графиката .Студиото собира различни ликови, луѓе со различни способности и ставови кон животот, но со заедничка појдовна точка. Со традиционалните графички техники што ги користат, создаваат форми и простори, состојби, мисли и чувства. Современиот звук на графичките листови се засилени со актуелноста на проблемите, засегнати во нив. Секој од авторите користи различен пристап и формат како изразно средство, што ја нагласува тематската различност во нивните дела. Print Nest студио за современа графика е составено од пет членови: Зоран Мише, Горан Тричковски, Васил Ангелов, Павел Целкоски, Иван Матеев. Сите имаат завршено магистарски степен, специјалност Графика, во Националната ликовна академија во Софија, Р.Бугарија каде што и е лоцирано студиото.

Изложбата ќе биде поставена до 19 ноември.

Галерија МКЦ