„Енциклопедија на мртвите“

ПО ЛАВИРИНТИТЕ НА ДАНИЛО КИШ

режија: Срѓан Јанаќијевиќ

продукција: СПОНА

Во организација на Спона – Српскиот културно-информативен центар во Македонија, како онлајн-настан, ќе биде изведена претставата „Енциклопедија мртвих – по лавиринтима Данила Киша“, во режија на Срѓан Јаниќијевиќ. Втор проект на Спона по претставата „Реалисти“, која исто така ја режираше Јаниќијевиќ, по текстот на Јелена Кајго (МНТ, 2018).

Театар во време на короната. Интригантна претстава по лавиринтите на познатата „Енциклопедија на мртвите“ на Данило Киш. Најдобриот израз на уметноста на денешнината.
Секоја нова изведба на претставата е единствена и неповторлива, и тоа не во смисла на класичен театар. Публиката е активен учесник и мислител во овој непредвидлив настан во кој само едно е сигурно – дека ќе биде одигран до крај, по секоја цена.

Играат: Ивица Димитријевиќ, Слаѓана Вујошевиќ, Владимир Петровиќ, Долорес Поповиќ, Жарко Јовановиќ и Александар Прокопиев

За претставата за која освен режија, Јаниќијевиќ ја осмисли и музиката, драматургијата е на Ивана Нелковска, а кореографијата на Александра Кочовска Начева. Гласот е на Горан Путица, а дизајнот на плакатот на Зоран Кардула.