Напуштените објекти можност за развој на локалната заедница видено низ скопските општини?
Во рамките на оваа панел-дискусија ќе биде промовирана и публикацијата: „Ехо на ѕидовите“, која ги обработува минатото, сегашноста и иднината на следните напуштени објекти: Салата Партизан (Општина Карпош), Месната заедница во Тафталиџе (Општина Карпош), Фабриката Купром (Општина Ѓорче Петров) и Домот на култура 11 Октомври (Општина Гази Баба).
Проектот „Ехо на ѕидовите“ го спроведуваат здружението Кадар – истражувачко новинарство, документаристика и едукација во соработка со Меѓународното здружение на граѓани Културно Ехо и претставува колаборативен истражувачки проект спроведуван од новинар и архитект за напуштени објекти кој се наоѓаат на територија на Град Скопје.
Проектот е финансиран од Град Скопје.
Модератор:
Мартин Анастасовски (Културно Ехо)
Агенда на настанот:
-од 11:45 до 12 часот- пристигнување и регистрација на учесници и публика
– од 12 до 12:15 – воведно обраќање и кратко претставување на учесниците
– од 12:15 до 12:30- презентирање на публикацијата
– од 12:30 до 13:30- дебата и прашања од публика
Потврдени учесници:
-Симона Димковска ( Културно Ехо)
-Марија Арсенкова (Зелен Хуман Град)
-Кристијан Караџовски ( Кадар)
-Јасмина Билаловиќ ( КСП Центар Јадро)
Дискусијата ќе биде пренесувана преку LiveStream на facebоok страната на КАДАР
* Поради запазување на ковид-протоколите и ограничениот број на места, потребно е да се регистрирате за присуство на овој настан со праќање на е-маил на k.karadzovski@gmail.com најдоцна до понеделник 15 ноември.
- Настанот е организиран со строго почитување на актуелните ковид-протоколи