EFTERKLANG во Крушево!

МКЦ ве кани на концерт на музичката група ЕFTERKLANG во прекрасното Крушево!
На наша огромна возбуда и нескриено задоволство ви го најавуваме проектот EFTERKLANG MAKEDONIUM BAND
Музичката група EFTERKLANG од Копенхаген – Данска ќе престојува на музичка резиденција во Скопје од 23 до 29 април, каде што во текот на својот престој, во соработка со неколку локални музичари, кои допрва ќе ги најавиме, ќе работат на заедничка музика. Музичкото дело, премиерно ќе биде изведено на 30 април (недела) во Крушево, пред споменикот Македониумот, таман на зајдисонце.

Концертот ќе започне во 17:00 часот, а влезот е отворен и слободно можеме да додадеме: задолжителен.

Не го пропуштајте овој единствен и магичен музички повик за будење на пролетта во едно од најпезажните места во нашата прекрасна држава. Да сме таму, да отпатуваме.
Поддржано од Goethe Institute и Министерство за култура на РМ.


Влезот е бесплатен

Македониум, Крушево