„Џинџуџе во земјата на афионите“

Промоција на антологија на македонскиот краток расказ

Во антологијата се застапени 73 македонски автор(к)и од сите генерации родени во 20 век (најстариот е роден 1914, а најмладиот 1996). Во тој еден век поместен е цел еден свет на мали фикции (или, во тој еден свет на мали фикции поместен е цел еден век ‒ оти историјата може да се гледа и преку книжевноста). На настанот ќе говорат приредувачите на антологијата, Никола Гелевски и Владимир Мартиновски. Мал концерт инспириран од расказите во книгата, ќе одржи музичкиот состав „Бонсаи афиони“ (Владимир Лукаш, Владо Манчевски, Владимир Мартиновски, Вук Митевски).

Цртежите во книгата се на Перо Георгиев.

Застапени автор(к)и во антологијата: Иван Точко, Лилјана Чаловска, Славко Јаневски, Блаже Конески, Димитар Солев, Благоја Иванов, Јован Стрезовски, Јозо Т. Бошковски, Влада Урошевиќ, Петар Т. Бошковски, Васко Ташковски, Бошко Смаќоски, Петко Дабески, Димитар Башевски, Митко Маџунков, Александар Кујунџиски, Данило Коцевски, Ленче Милошевска, Катица Ќулавкова, Горан Стефановски, Димитрие Дурацовски, Тоде Илиевски, Александар Прокопиев, Лилјана Дирјан, Вера Чејковска, Томислав Османли, Шазим Мехмети, Шкељзен Халими, Ермис Лафазановски, Владо Манчевски, Пандалф Вулкански, Сашо Стефановски (Џанго Помалиот), Марина Костова, Оливера, Ќорвезироска, Будимка Поповска, Елизабета Баковска, Бардил Заими, Перо Георгиев, Горан Петревски, Бранислав Николов (Пијан Славеј), Ацо Гогов, Рамадан Рамадани, Сотир Ристо, Владимир, Мартиновски, Калина Малеска, Марко Петрушевски, Климент Булоски (Дозгулпмус), Гето Руди, Бранко Прља, Владимир Лукаш, Габриела Стојаноска-Станоеска, Жарко Кујунџиски, Румена Бужаровска, Ѓорѓи Крстевски, Драган Денковски, Мира Смаќоска-Танеска, Сања Михајловиќ-Костадиновска, Јулијана Величковска, Анета Попова, Арлинд Фаризи, Ѓоко Здравески, Милко Бојковски, Симона Јованоска, Ненад Јолдески, Живко Гроздановски, Драган Георгиевски, Иван Шопов, Тања Аждаја, Олгица Станковска, Ана Голејшка Џикова, Стефан Алијевиќ, Марија Ангеловска, Андреј Ал Асади.

Плато МКЦ