ЏАКА НАКОТ + ГОСТИ

На 17.3.2023 со почеток во 20 часот ќе се оддржи целовечерен концерт на раперот Џака Накот. Концертот ќе биде прв целовечерен концерт на Џака Накот по 10 години. На репертоарот ќе се најдат плејадата хитови што го опфаќаат 25-годишното творештво на Џака, вклучувајќи ги неговите албуми од 2001 до 2023. Од “Неопходно зло” до “Live On No Evil”, плус соработките со многуте артисти низ годините.

Гости на вечерта се:

Диџеј Гоце (С.А.Ф), Легијата, Куп Де Грас, Мартикс, Страјк, Диџеј Попај, Лукич, Ади Имери, Диџеј Славе, Блажеј (СТР2), Кунг Фулиш, Р.О.Н.И.Н., Друггу, Кискинов+Дивизија од Струмица, Алфа Чино, како и специјалниот гостин од Србија – Бвана Из Лагуне.

Вратите се отвораат во 20 часот, концертот стартува во 21 часот.

Карти во препродажба може да се набават на благајната на МКЦ и страната на МКЦ по цена од 400, на врата на денот на концертот ќе чинат 500 ден.

400,- | 500,-

сала 25 Мај