„ДРУГА ПРИКАЗНА“

Регионалниот книжевен фестивал „Друга приказна“ своето седмо издание годинава ќе го реализира на 26 август во Сули-ан и на 27 и 28 август во МКЦ Скопје.

Под слоганот „Нова писменост“ фестивалот ќе ги истражува експерименталните образовни практики во наставата по книжевност, критичката и демократска училница, создавањето на книжевните канони…

Со 15 гости од регионот и исто толку домашни, ќе се обидеме да ги лоцираме современите текови на регионалната книжевна сцена, ќе разговараме за книгите на сјајни писател(к)и и поет(ес)и, ќе презентираме исклучителни интердисциплинарни проекти кои ги шират перцепциите на културата…

ПРОГРАМА:

Петок (26.8.), Сули ан

18:00 – 20:00 – Бантустански мапи – изложба и предавање на Урош Крчадинац

20:00 ВЕЧЕР НА ДУБРАВКА УГРЕШИЌ
– видео разговор: Дубравка Угрешиќ и Румена Бужаровска
– разговор за Угрешиќ: Мерима Омерагиќ, Ирена Јовановиќ, Гоце Смилевски, Никола Гелевски

23:00 Димитра Цилевска – мал концерт

Сабота (27.8.), МКЦ

18:00 – 20:00 РАЗГОВОРИ, БЛОК 1
– Сенка Мариќ со Калина Малеска
– Маша Сеничиќ со Душица Лазова
– Јана Букова со Душко Крстевски
– Срѓан Срдиќ и Данило Луциќ со Никола Гелевски

20:30 – Суштества страшни со фризури и машни – изложба на Ненад Тонкин

21:00 ОВДЕ ПАЃААТ КРУПНИ ЗБОРОВИ (перформативен книжевен натпревар на „едноминутни новели“)
Учесници: Маша Сеничиќ, Данило Лучиќ, Јана Букова, Тања Аждаја, Ива Дамјановски, Милан Дамјаноски, Стефан Алиевиќ… Водител: Владимир Лукаш

23:00 Проекција на филмот Дуга реса; разговор со режисерот Драган Протиќ

Недела (28.8.), МКЦ

15:30 – 18:00 – Читање додека си играме? Поезијата на Ф. Гарсија Лорка како игра
Работилници за деца со Барбара Прегељ, Ненад Тонкин и Доротеј Нешовски

18:00 РАЗГОВОРИ, БЛОК 2
– Разговор со Јана Бауер 
– Барбара Прегељ со Никола Гелевски
– Хелена де Карина и Ружица Марјановиќ со Фросина Крушкаровска
– Разговор со Ана Фазекаш 

20:00 дебата НОВА ПИСМЕНОСТ: Ана Фазекаш, Хелена де Карина, Ружица Марјановиќ, Барбара Прегељ

22:00 Проштална забава и изложба на Анета ПоповаYou are my bowl / I am your bowl (Микро изложба во шума)

Плато МКЦ