ГРОЗОВИЛАТА ВО СТРАШНАТА ШУМА – фестивал на детската книжевност
ДРУГА ПРИКАЗНА е скопски книжевен фестивал за мали фикции, кој се роди од потребата за менување на старите приказни во заедницата – во културата, во политиката, во меѓусебните релации.
ДРУГА ПРИКАЗНА се стреми да испровоцира живот онаму каде што изгледа одамна умртвено; да ја ослободи уметноста од крутите бирократски модели и класификации; да трага по алтернативи за културно-општествено делување на макро и микро ниво; да инспирира заедништво и заедничка акција…
Од 3 до 5 септември ќе се одржи петтото издание на книжевниот фестивал Друга приказна, под наслов: Грозовилата од страшната шума (според истоимената книга на Јана Бауер).
Јана Бауер, писателка за деца од Словенија, е добитничка на главната награда, а фестивалот е посветен на книжевноста за деца.
Во трите фестивалски денови предвидени се десетина настани, од кои повеќето се со и за деца.
3.9. (четврток)
19.00 – ГРОЗОВИЛАТА ПРИСТИГНУВА ВО СТРАШНАТА ШУМА
Промоција на списанието МАРГИНА 92 (комплетно детски број);
промотор: Никола Гелевски
19.30 – Отворање на изложбата ПЕТ ГОДИНИ ДРУГА ПРИКАЗНА
промотор: Владимир Јанчевски;
фотографии изложуваат: Ванчо Џамбаски, Јелена Белиќ, Драги Неделчевски и Небојша Гелевски
20.00 – ОВДЕ ПАЃААТ КРУПНИ ЗБОРОВИ; книжевен натпревар со творби за деца
учествуваат: Румена Бужаровска, Николина Андова Шопова, Калина Малеска, Владимир Лукаш, Владимир Мартиновски, Петар Андоновски, Билјана Црвенковска, Снежана Стојчевска, Д. А. Лори, Ана Аврамовска, Катерина Трајановска, Ана Голејшка Џикова…; водител: Ѓоко Здравески
4.9. (петок)
17.00 – КАКО ИЗГЛЕДА ГРОЗОВИЛАТА? – деца ја цртаат Грозовилата
аниматор: Доротеј Нешовски
18.30 – ГРОЗОВИЛАТА ГО СКРОТУВА ДИВИЛОТО; разговор за книжевноста за деца во С. Македонија;
учествуваат: Никола Гелевски, Ване Костуранов, Билјана Црвенковска и Марија Тодорова
20.00 – ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ЈАНА БАУЕР, добитничка на главната награда на фестивалот
Сценско-театарски ПРИКАЗ НА ГРОЗОВИЛАТА;
режија: Нела Витошевиќ
21.00 – Театар на сенки – Наш мал театар
5.9. (сабота)
18.00. ГРОЗОВИЛАТА ПРИРЕДУВА КНИЖЕВНА ЧАЈАНКА;разговори за книги со деца
аниматори: Биљана Црвенковска, Никола Гелевски, Фросина Крушкаровска…
20.00. Концерт: МОЈАТА ОМИЛЕНА ПЕСНА ЗА ДЕЦА
изведувачи: Ана Христова, Ива Дамјановски, Долорес Поповиќ, Џијан Емин, Оливер Јосифовски, Лепи Џони, Ненад Тонкин, Лукаш & Јовановиќ, Харикли & Лукаш, Сашко & Олег Костов, Сецко & Исак Хаџиќ…
Сите три дена, од четврток до сабота, од 17 до 22 часот, на платото пред МКЦ ќе се продаваат книги за деца на издавачите: Темплум, Артконект, Чудна шума, Гаврош и Бегемот.
- Настаните ќе бидат реализирани по соодветен протокол, запазувајќи ги препорачаните мерки за заштита. Ве молиме придржувајте се до истите;
Фестивалот го организира книгоиздателството Темплум. Поддржан е од ТРАДУКИ и Министерството за култура на Република Северна Македонија
FB event