Целта на овие часови е преку игри и забава да се доближи театарската уметност до децата. Таквиот креативен процес ќе придонесе за социјалниот и емоционалниот развој на децата, поттикнување на креативноста, ослободување на фантазијата, подобрување на јазичните вештини, подобро изразување, збогатување на личниот вокабулар, подобрување на самодовербата, контролирање на агресивноста, трпение, когнитивен и физички развој.
Исто така, децата ќе научат и директно ќе учествуваат во процесот на приготвување на една театарска претстава, како и одредени поими и професии од таа област.
Нашето драмско студио се залага и работи на тоа да ја одржи детската креативна фантазија во секое дете, за да тоа сонува со ширум отворени очи, слободно и полетно!
Подготвување театарска претстава:
Учење текст, мизансцен, подготовка на улоги, работа на музика и светло, сценографија, костимографија, работиме на говорот и ослободувањето со играта пред публика, самодовербата, но и довербата во партнерот, како и најважното – тимската игра.
Часовите ги држат дипломирани актери, Нина Максимова, Дени Стојанов и Благојчо Стојанов.
Драмско студио ДКЦ (на македонски јазик) работи секоја сабота во три групи распределени според возраста на децата:
– 15:30 – 17:00 – средна група – 7-9 год.
– 17:00 – 18:30 – голема група – 9-14 год.