Драг Вардар

Монодрама на Емануела Ковачевска Китановска

Текст: Емануела Ковачевска Китановска

Времетраење: 20 мин.

Фантомот како отелотворение на седржителското архе над времето и неговата конечност живее на брегот на Вардар, кој како симболичка отслика на бесмртноста крај конечноста што истекува се соединува со единствениот идентитет на Фантомот. Неговиот лик е призрак, кој иако положен во бесмртноста на времето и градот, ја чувствува својата антропоморфна природа, љуби и страда, ја повикува смртта како избавение од вечното сведоштво на минувањата што се излеваат со водите на Вардар. Низ мотивската подлога на монодрамата се провлекуваат силни романтичарски нишки и егзистенцијалистички примеси, кои избликнуваат од основата на човековата природа што тежнее кон вечноста, оградена од својата тленост, која е одземена од Фантомот. Сценографската естетика е исцрпена од духот на 20-те години на минатиот век со што се истакнува амбиенталната уникатност на делото. Емануела виртуозно ја понесува суштината на улогата, ја восприма и ја предава во сета своја полифоничност, дарувајќи ѝ на публиката едно метафизичко придвижување во меѓуслојот на сепостоечкото во себе, својот град и своето време, долу, крај брегот на Вардар.

Фотографија: Ана Андонова
Дизајн: Лазар Лукиќ


Џебно кино