Во рамките на ДОБРА ИДЕЈА ФЕСТИВАЛ 2021, во организација на КУЛТИ ВАТОР СКОПЈЕ ќе настапат Алембик и Сезер Салихи со диџеј-сет.
Алембик е дуо од Скопје, оформено во март 2020. Нивната музика е обид за спој и реобмислување на различни музички жанрови, користејќи експериментални и атипични начини на произведување звук преку (алхемиска) игра со музичките елементи (оттука и идејата за името). До сега имаат реализирано неколку видеонастапи (Културен центар “Јадро”, “Voice of Youth” и Амок радио) и настап во живо како дел од програмата на Млади за Скопје. Во моментов работат на првиот, истоимен албум во продукција на Нино Спиркоски.
Сезер Салихи е млад режисер, но и љубител на „world music“ како правец и во оваа прилика ќе нѐ почести со еден интересен диџеј-сет.
- Настанот ќе биде организиран со строго почитување на актуелните ковид-протокли