Доротеј Нешовски- интердисциплинарен уметник-ДКЦ
Работилницата ќе се состои од подготовка на торбички, кои ќе ги илустрираат и изработуваат децата, потоа ќе си ги земат за дома.
Главниот фокус на работилницата ќе биде боењето со текстилни и акрилни фломастери и четки. Темата на нивно изразување е слободна, може да сликат што сакаат и да го имплементираат врз тотињата.
Целта на работилницата ќе биде запознавање со применета уметност, нејзината структура, содржина и значење.
Ред дизајн е графичко студио од Скопје, посветено на дизајнирање, создавање и поддршка на локалните заедници, Ред дизајн е бренд што создава и дизајнира торби, уметнички и останати сродни публикации и дизајни. Основана е во 2018 година, а основач и главен уредник е Аммар Качар.
За изработката на торбичките се погрижи Magda Station, модно студио за уникатана облека и изработка на дизајнерска облека и побарувачка.
Максимум учесници: 10
Пријава: nesovskidoro@gmail.com
Возраст 6-11 год.
*Почитување на мерките (држење дистанца, дезинфекција и носење маска) е задолжително.
Проектот е поддржан од Град Скопје и Младински културен центар