изложба на скулптури од Ненад Тонкин
„Детска фантазија“ е серија скулптури инспирирани од цртежи на деца на возраст од 4 и 5 години. Некои се самостојни, а некои во група формираат сцени од замислен свет. Работени се во разни вајарски техники, а изработени се од рециклирани материјали (даски, картон, железо).
Изложбата „Детска фантазија“ е одбрана на магистерски труд на авторот на тема „Уметнички предизвик – од детски цртеж до скулптура“.
Ненад Тонкин (Скопје, 1978) е дипломиран вајар и сценограф на Факултетот за ликовни уметности во Скопје и дипломиран професор по предучилишно воспитание на Педагошкиот факултет Св.Климент Охридски -Скопје.
Има реализирано шест самостојни ликовни изложби во Гевгелија, Кичево, Скопје и една on-line и повеќе групни во Македонија, Италија, Германија, Словенија, Црна Гора и Турција. Компонирал музика за повеќе од 10 театарски претстави и работел сценографија за театар (три претстави) и филм (два краткометражни филма). Автор е на еден мурал во Кочани реализиран во рамки на АКТО 15 фестивал за современа уметност, исто и учесник во изведбата на уште два други, во Кавадарци и во Скопје. Учесник на 31ва Галичка колонија 2020година. Од 2013 година издава своја авторска музика како Mammoth & Yashem и досега има објавено три изданија.
Дел од реализираните ликовни проекти:
- Самостојна изложба по повод факултетската награда за скулптура „Петар Хаџи Бошков“, Галерија ФЛУ – Скопје.2020
- Автор и реализатор на 45м2 мурал „Солидарноста го јакне имунитетот“ на зградата на Водостопанство во Кочани, во рамки на АКТО15 фестивал за современа уметност. 2020
- Модулар -Галерија МКЦ – Скопје,самостојна изложба на скулптури. Скопје. 2020
- Малите суштества од станот што се реновира – Галерија „КО-РА“ – Скопје, самостојна изложба на скулптури. 2020
- Визија-Скопје 3.0 – илузија или реалност, ликовна интервенција во јавен простор заедно со Јана Јакимовска, Филип Велковски и Ертунч Сали, Скопје. 2020
- Малите суштества од Карантина –on-line изложба, фото приказна со стоп анимации. 2020
- DEUS exMachina -групна изложба, учество со две дела (скулптура и инсталација). Подгорица, Црна Гора.2019
- Trans-form:action -групна студентска изложба. Музеј за современа уметност Метелкова, Љубљана. 2019
- In Situ -саем на уметности, учество со две дела во рамки на групата In Established. МКЦ Скопје. 2018
- 1101: Св. Климент низ современата уметничка призма, НУБ „Св. Климент Охридски“ –Скопје. 2017
- Учество со едно дело во склоп на муралот на задната страна на МКЦ, Скопје. 2016
- Speech for free (инсталација во простор), Balkon zum Balkan во Баден-Баден, Германија. 2014
- All the hits (аудио инсталација), ParatissimaTorino 10 во Торино, Италија. 2014
За концептот: