„ДЕЈТ“

АВТОРСКА МОНОДРАМА ОД САНДРА СИЛАЃЕВ

Настанот е во рамки на „Вечери на женски права“

Средовечната дама и самохрана мајка Оливера Живковиќ излегува на закажан љубовен состанок. Сепак, нејзиниот партнер не се појавува. Оливера чека. Кого и што? Дали ќе ги дознае резултатите од своите здравствени наоди? Дали ќе го открие значењето на бракот и заклетвата за вечна љубов? Како Оливера го третира мајчинството и како ја толкува положбата на жената во денешното општество? Дали ќе разбере зошто должината на фустанот и висината на потпетицата се обратно пропорционални со силата на моралот? Дали ќе дозне дали кафулињата се приспособени на потребите на лицата со посебни потреби? Дали светот е безбедно место за тинејџерките? Дали е подобро да се биде платена или неплатена домаќинка? Како самохрана мајка го дои своето бебе и оди на работа во исто време? Оливера се чувствува како дама, распуштеница, бабадевојка и разведена, дури и вдовица, иако никој не умрел. Полудена е од категоризациите и чудните односи помеѓу љубовниците во 21 век. Таа верува дека не бара многу од животот, само и едноставно она што секој возрасен поединец го сака за себе – да ја најде својата сродна душа. Има ли таков за Оливер во „целиот овој свет“? Или барем на Интернет?

Публиката ќе има можност да го следи текот на мислите на Оливера, но и да помогне во одговорот на некои од овие прашања при специјалниот епилог со прашања и одговори.


Сандра Силаѓев е родена на 7 февруари 1979 година во Штип. Дипломирала на Академијата за уметности, првите три години во класата на Предраг Ејдус, а потоа нејзината генерација ја презел Владимир Јевтовиќ. Студирала социологија, виша педагогија, мировни студии како и маркетинг на Факултетот за драмски уметности во Белград. Се занимавала со скулптура, керамика, пеење и видеомонтажа. Работела во куклен патувачки театар, во центар за сместување и престој на деца и младинци со попреченост, како и во дом за стари лица. Таа го напишала и режирала текстот за инклузивната претстава „Надежта во Белград“. Таа е една од сценаристите на серијата „Вистини и лаги“ во која го толкува ликот на Олга. Со Марта Фиш го снимила филм „Риалити во инвалидска количка“ и „Риалити со бел стап”. Има објавено 3 стрипа за Самиздат Б92 и глумела во филмот „Такси блуз“.


  • Оваа монодрама не е за малолетници. Вулгарноста и вулгарната реторика се користат како инструмент за прикажување на двојните стандарди што се наметнуваат првенствено врз жените;
  • Не е дозволено снимање и сликање за време на монодрамата;
  • Настанот ќе биде организиран со почитување на актуелните ковид-протоколи

Бројот на билети е ограничен. Поради огромниот интерес билетите ќе бидат пуштени во понеделник, 7 мрт, во 12:00, а ќе може бесплатно да се набават само онлајн, на www.bileti.mkc.mk . За да имаат сите еднаква можност за набавка на билети, резервации нема да има.

сала Фросина