ДЕБАТЕН ФИЛМСКИ КЛУБ – ЛАЛЕ

4 март, среда

SAMSARA,
Ron Fricke | 102′

Документарен филм сниман речиси пет години во дваесет и пет земји на пет континенти на седумдесет милиметарска лента. Уште еден епски филм на Рон Фрике по култниот „Барака“. Празник за очите, триумф на филмската слика без зборови. Музиката е на  Marcello De Francisci, Lisa Gerrard и Michael Stearns.
– Даблин – награда од ФИПРЕСЦИ

 

 

11 март, среда

FREE FALL, 
Gyorgy Palfi | 80′

Piroska Molnar, Miklos Benedek, Tomas Jordar

Дали постои артикулиран надреализам? „Слободен пад“ е тоа. Некои алузии на современа Унгарија постојат, но акцентите се ултразабавни, со контролирана бизарност, налудничав хумор… И по некое дискретно објаснување.
– Карлови Вари – награда за режија и награда од жири

 

18 март, среда

THE MAGIC FLUTE,
Ingmar Bergman | 135′

Ulric Cold, Josef Kostlinger, Irma Urrila

Оваа филмувана верзија на познатата опера се смета за совршен спој на овие две уметности. Романтичен, невин, блескаво одигран и блескаво режиран филм. Уживање со веселиот Бергман.
– Награди – BAFTA Awards (Англија), Cezar Awards (Франција)

25 март, среда

WAR WITCH, 
Kim Nguyen | 90′

Rachel Mwanza, Alain Lino Eli Bastien, Serge Kanyinda

Суеверие, вештерство, егзорцизам… Елоквентно поставено прашање за т.н. цивилизиран свет и камуфлажата со идејата за императивот на материјалното богатство. Сугестивна морална лекција и извонредна изведба на главната актерка.
– Берлин – Сребрена мачка, Трибека – победник од жири, Кембриџ – победник од публика

 

FB event >
Влезот е слободен

Џебно кино