Кореографија: Жана Пенчева
Локомотива; МОТ+
Dance baby, dance е дело базирано на кореографското истражување, а е фокусирано на релационите потенцијали, кои можат да се појават кога луѓето ќе дојдат заедно и ќе танцуваат.
Делото се гледа и како кореографски концерт со специфични правци и внатрешни правила, каде што 6 кинетички/танцувачки тела минуваат низ различни ситуации – флертување, мистерија, транспарентност, нелогичност, раздразливост и останати чувствителни простори.
Концертот е потопен во атмосфера на забава-клуб и е преплавен со современа електронска и поп-музика.
Танчери и соработници: Виолета Витанова, Жана Пенчева, Зорница Стојанова, Александар Георгиев. Даниел Денев и Дарио Барето Дамас
Музика: Цветан Момчилов
Костими и сценографија: Ралица Тонева
Графички дизајн: Ѓорѓи Десподов
Видео и фото: Наталија Сидоренко
Продукција: Garage Collective и Жана Пенчева
Копродукција: ICC (Имагинативен кореографски центар) и ДНК – простор за современ танц и перформанс
- Проектот се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура во Бугарија, Националниот фонд за култура во Бугарија и општина Бургас
- Настапот во Скопје се реализира како дел од програмата Локомотива /УметностПолитикаИнституцијаТело/ а во соработка MOT+ / 50 години МКЦ
НАПОМЕНА: За време на настапот ќе има гласна музика, стробо светло и делумна голотија. Забавувај се!!!