Дајте друго име!

Задужбина Мисла го организира малиот фестивал „Дајте друго име!“ за да си го прослави првиот роденден. З. Мисла се залага за нега на културните дејности и за зачувување на нивните производи. „Дајте друго име!“ е нејзиниот музички отсек.

МКЦ хол:
18:30 – штандови на: Бегемот, PMG Recordings, З. Мисла

Сала 25 Мај:
19:00 – Братсвото од дада: сценски настап „Крвав ум“*
19:30 – Чалгија саунд систем
20:30 – Голи деца
21:30 – Одделение за хип-хоп (Bibbych x Dope куќата)
23:00 – Cut Your Nipple
00:00 – Galatheia
01:00 – Мирко Попов квартет

– „Крвав ум“ е куса поема од Исток Ј. Улчар во десет пеења, објавена во неговата четврта книга песни „Порој од пепел“. Текстот ја следи „љубовната приказна“ на временските патници (?) Прохор и Калина низ историските збиднувања на дваесеттиот век, каде речиси секој дел претставува нова деценија. За секое пеење на „Крвав ум“, за да создаде звучен материјал одбран е по 1 македонски музичар – некои професионалци, некои ентузијасти, а глумците Лазар Христов (во улога на хорот) и Стефан Вујисиќ (во улога на Прохор) го интерпретираат текстот врз соодветните инструментали. Најавениот сценски настап е, всушност, промоција на оваа поетска звучна книшка, каде Христов ќе го изведува текстот врз десетте матрици. Покрај гласовите на двата глумца, десетте музичари кои во оваа пригода го сочинуваат Братството од дада се: Константин Хаџи Коцев (Пролог), Владан Дробицки (1920-тите), Axiotomic (1930-тите), Андреј Татарчевски (1940-тите), Горан Трајкоски (1950-тите), Стефан Прекодолов (1960-тите), Љупа Ангелов (1970-тите), Мирко Попов (1980-тите), Lux Kmala (1990-тите) и Speculum Esse (новиот милениум).

. . .

сала 25 Мај