ДА ЏАКА НАКОТ

Последниот студиски албум на артистот Владимир Џокиќ под алијасот Да Џака Накот ќе биде промовиран на 30.9.2022 со почеток во 20:02 часот.
По 21 година творештво како соло-артист и со повеќе од 11 изданија, Џака Накот ја завршува својата приказна.
Live On, No Evil е насловот на последниот албум, кој содржи 22 песни +2 бонус траки, концептуално замислен како збир на палиндроми со времетраење од 1 час, 16 минути и 11 секунди.

Музиката, текстовите и продукцијата се на Владимир Џокиќ, а како гости продуценти се појавуваат Брус од Foolish Green/Legijata, Баже Д.С.Ц и Даре ДТ од Соулментал/Зад аголот, drill продуцентот Dj Ice од Босна, и Fundament од Канада.
Вокален контрибут на албумот даваат Кискинов од Дивизија, LD Pistolero & Alfa од Легијата, младиот скопски рап-артист Maximus Vandal, легендата на српскиот рап, Бвана Из Лагуне, Dshabba од Франција, како и Духот од ДОМ.

Како наратори на албумот се појавуваат легендарниот американски психонаут и книжевник Terance McKenna (R.I.P), актерот Robin Williams (R.I.P), Viktor Vaughn aka MF DOOM (R.I.P) од Англија, како и најекцентричниот рапер на денешницата, Kanye West.
Албумот е снимен во Dobre Ucho studios@Wrocław, Полска, од страна на продуцентското дуо Voskovy, а мастерингот е направен во Schwarztone@Heppenheim, Германија од страна на продуцентот Tobias Schwarz.

Промоцијата на албумот ќе биде од отворен карактер, со преслушување на албумот и можност за купување на истиот на лице место. Тиражот е ограничен на 666 дискови и нема да може да се набави на никое друго место.

кафе МКЦ