стендап-шоу на Никола Тодороски
Во секоја секунда од секој ден на секого му се случува нешто „Да БолиТ“.
Си се споредил со некој подобар – Да болиТ.
Другарка ти се мажила, ти не – Да болиТ.
Другар ти замина странство ти не – Да болиТ.
Ти замина странство, другар ти не – Да болиТ.
Уште живејш со родители и сите дома вкупно имате 1947 години – Да болиТ.
Михаела имат поубо точаче – Да болиТ.
Ти слушаш метал, комшијата Аца Лукас – Да болиТ.
Новото шоу на Коле „Да болиТ“ – во стомачните!
Во своето ново стендап шоу Никола ќе се потруди да ве натера да заборавите на секојдневието, на проблемите, на сивилото, на рестрикциите, на високите сметки. Потоа тој намерно ќе ве потсети на сите овие работи и сите заедно ќе се изнасмееме.
До сега шоуто се прикажуваше во Охрид, Битола, Прилеп, Струга, Штип, Радовиш и беше посетено од околу 4500 гледачи. На ред е Скопје!
Никола Тодороски е докажан професионален актер и стендап комичар од Охрид. По дипломирањето на Театарскиот колеџ Љубен Гројс во Софија, тој учествува во бројни тв продукции на повеќе телевизии во земјава. Во моментов покрај тоа што активно игра во претставите во Народен Театар Охрид – неговата матична куќа, тој исто така настапува пред бројна публика во Македонија, на Балканот и пошироко во Европа со своите стендап настапи.
До сега настапувал во сите комеди клубови на Балканот: „Бен Акиба“- Белград, „Студио Смијеха“- Загреб, „Десетка“- Љубљана, „The Comedy Club“- Софија, исто така во Лондонскиот култен клуб „The Comedy Store”, „Base Mint“ – Барселона, како и во светски познатите клубови “Comedy Café“ и „Chicago Boom“ во Амстердам.
Никола е основач на фестивалот Summer Comedy Marathon кој е од интернационален карактер, а се одржува во секое лето во Охрид веќе 4 години и е со времетраење од 21 ден.
За 11 години активна стендап кариера со преку 150 изведби годишно тој создаде пет соло стендап шоуа: „Се викам Никола“, „Делириум“, „Вештачка интелигенција, природна глупост“, „Рециклирани конфети“. Пред неколку месеци го сними своето прво комеди-шоу на англиски: „Banana Resident“.
Во моментов е на турнеја со неговото најново стендап шоу „Да болиТ“.