Cross štream: Црнила Remix

21:00: Pijammies
22:15: Црнила Remix

Црнила Remix е едно поразлично видување на класичното драмско дело на Коле Чашуле ставено во контекст на урбан хип-хоп албум. Музичко-драмски перформанс со несекојдневен пристап, со специфична актерска изведба, кој низ оригиналниот препев и музика на Зад Аголот нè носи во еден нов сублимат помеѓу драмата и хип-хоп субкултурата.

Идеја и режија:

Јордан Симонов

Музика и препев:

Дарко Димитриески и Павле Димковски („Зад Аголот“)

Улоги:

Луков – Стефан Вујисиќ
Фезлиев – Александар Михајловски Хонда
Иван – Владимир Петровиќ
Методи – Горан Ников
Младичот – Ненад Анѓелковиќ
Неда – Сања Арсовска
Христов – Павле Димковски

Posted by Младински Културен Центар on Wednesday, June 10, 2020

Pijammies се едно од најслатките откритија во словенечката музика во последните неколку години. Овој слободномислечки, далекусежен и крајно енергичен музички колектив се стреми кон стилска отвореност и слободно изразување. Свираат мешавина од џез, фанк и фјужн, како кај легендарните Weather Report, како и кај нивните современици Snarky Puppy. Класичниот и џез израз се гледа во нивните глатки композиции, свежиот пристап и особено нивниот постојан нагон да истражуваат. Заробени од нивниот еклектицизам и ритмичка затегнатост, немате друг избор освен да зјапате со стравопочит или да се препуштите на танцот.

FB event