ЧИТАМЕ, СОНУВАМЕ, КРЕИРАМЕ

ЧИТАМЕ, СОНУВАМЕ, КРЕИРАМЕ е проект замислен како серија креативни работилници на кои децата преку читање приказни, разни креативни игри, логички загатки, тематски задачи и конкретна креација на дела во различни ликовни техники, ќе развиваат имагинација икреативно размислување. Децата ќе ги развиваат и логичките способности преку логички и креативни игри, ќе слушаат приказни и потоа ќе учат усно и со визуелен израз да создаваат свои приказни, а со тоа ќе добијат и одлична подготовка за креативно пишување. Децата ќе цртаат, ќе бојат, ќе прават колажи и други дела во различни ликовни техники, и на тој начин ќе ги визуелизираат своите идеи.

Секој час ќе биде различен од претходните, ќе се игра различна креативна игра и ќе се креира на различна тема, а децата ќе можат лесно да се вклучат во која било од работилниците.

Целна група: Деца од 6 до 9 години

 

Времетраење на проектот: Прво шестомесечје: март/мај 2020; второ шестомесечје: септември-ноември 2020;
Фреквенција: 1 час неделно (90 минути)
Локација: Детски креативен центар – МКЦ

Активности:
– Читање книги за деца, приказни, песнички на македонски јазик, развивање на имагинација и креирање ликовни дела врз основа на прочитаната приказна (илустрации, колажи)
– Играње логички и креативни игри кои ќе резултираат со краен производ – напишана приказна и/или ликовно дело
– Играње игри на имагинација и креативно размислување
– Создавање раскази и песнички и нивно визуализирање на приказните со ликовни дела во повеќе техники
– Создавање кратки драмски текстови, изработка на реквизити, со резултат изведба на секој од текстовите со изработените реквизити
Цели/ефекти на проектот:
– Развивање на имагинација и креативното размислување
– Развивање на љубов кон книгата и пишаниот збор
– Подобрување и развивање на јазичките способности, ликовните способности, говор, синтакса, визуелна песцепција
– Подобрување и развивање на моторичките вештини
– Развој на логичките способности преку креативни игри
– Едукација и воспитување преку игра
– Развивање емпатија и чувство за етичност
– Поттикнување на тимски дух, заемна помош и дружење кај децата-учесници во проектот

На крајот на секое шестомесечје во Детскиот креативен центар во МКЦ ќе се организира изложба на делата создадени во текот на работилниците. На изложбата ќе бидат изложени сите ликовни дела, како и тетратки со напишани приказни и илустрации.

Секој вторник од 18 часот

Целната група се деца од 6 до 9 години, а секоја работилница би вклучила оптимална бројка од 10 – 15 деца.

ДКЦ