Драги родители,
Од следната недела почнуваме со летни креативни работилници (ОНЛАЈН ЧАСОВИ) за двете групи – малата група (Читаме, сонуваме, креираме) и големата група (Пишуваме-цртаме-патуваме) во рамки на активностите на Детскиот креативен центар во МКЦ.
Часовите ќе траат по половина час (предавање и разговор), а потоа ќе има задача – цртеж, расказ, песна, изработка на дело во некоја техника, која ќе треба да се изработи дома.
Часовите ќе се одвиваат преку апликацијата Zoom, со покана што ќе ја добивате на мејл. Доколку сте заинтересирани за часовите, ве молиме пишете на biljana.crvenkovska@gmail.com.
Термините се следниве:
Голема група – понеделник од 18:00 до 18:30
Мала група – вторник од 18:00 до 18:30
Голема група – понеделник од 18:00 до 18:30
Мала група – вторник од 18:00 до 18:30
Работилниците ќе се одржуваат во текот на целото лето, како и во текот на есента.
Ментори: Билјана Црвенковска, Доротеј Нешовски