CINEDAYS WARM–UP 2021

ЕВРОПСКО ПАТУВАЧКО КИНО ПОД ОТВОРЕНО НЕБО

Крива Паланка, Плоштад пред општината, 25-26 јуни

Петок, 25 јуни 2021

21:00
Краток MK филм: НЕОНСКИ СРЦА, режија: Ана Јакимска, 16′

21:30
БРАТ МИ БРКА ДИНОСАУРУСИ (101′ | Италија, 2019)

Џек отсекогаш посакувал да има помал брат со кого ќе си игра и кога Џио ќе се роди, неговите родители ќе му кажат дека неговиот брат е „посебно“ дете. Тогаш Џио станува суперхерој со волшебни моќи во имагинацијата на неговиот поголем брат, како што се суперхероите од стриповите. Со време, Џек ја дознава вистината: неговиот брат има Даунов синдром и одлучува ова да го чува како тајна. Кога ќе тргне во средно училиште и ќе ја запознае својата прва љубов Аијана, тој го крие постоењето на Џио од неа и од своите нови пријатели. Но набрзо вистината излегува на виделина и Џек сфаќа дека енергијата и виталноста на Џио се заразни. Награда за најдобар филм за млада публика на Европската филмска академија во 2020 година.

Проследено со разговор за филмот.

Сабота, 26 јуни 2021

21:00
Краток MK филм: ЗМИЈА, режија: Андреј Волкашин, 20′

21:30
РОКА ГО СПАСУВА СВЕТОТ (101′ | Германија, 2019)

Храбра, смешна, единствена – тоа е Рока! Рока е 11-годишно девојче што живее уникатен живот. Таа живее со татко си, кој е космонаут, и кога ќе биде испратена да живее во Хамбург со нејзината баба за таму да учи петто одделение, Рока се спријателува со некои од локалните бездомници и со некои од своите соученици што се отфрлени и се жртви на булинг и им помага на овие загрозени групи, идентификувајќи се себеси како мистериозен пилот што спасил авион, предизвикувајќи медиумско внимание и станувајќи интернет-инфлуенсер и користејќи ја платформата за да ги поттикне луѓето да бидат пољубезни и повеликодушни.      
Истовремено, таа се обидува и да го освои срцето на својата баба. Поради нејзиниот непресушен оптимизам, Рока докажува, заедно со нејзините нови пријатели, дека дури и детето има моќ да го смени светот. 

Проследено со разговор за филмот.

Струмица, Градски парк (дом на АРМ) 3-4 јули

Сабота, 3 јули 2021

21:00
Краток MK филм: НАЛЕПНИЦА, режија: Георги Унковски, 19′

21:30
СЛАВА (101′ | Бугарија, 2016)

Бугарски железничар што живее повлечен живот наоѓа милиони истурени врз пругата и ѝ ги предава на полицијата. Кога шефицата на Министерството за транспорт, Јулија Стаикова, одлучува да го искористи за пренасочување од корупцискиот скандал, неговиот едноставен живот станува жртва на бирократската мелница.

Проследено со разговор за филмот.

Недела, 4 јули 2021

21:00
Краток MK филм: СКОПЈЕ 2020, режија: Радован Петровиќ, 21′

21:30
КОЖУРЕЦ (99′ | Германија, 2020)

Берлинската населба Кројзберг e микрокосмосот на Нора. Нора е тивок набљудувач, тивко присутна на забавите, в училиште, на базен, на покривите и во апартманите. Заедно со постарата сестра и со пријателите „се шлае“ по здодевниот пејзаж на станбените блокови, набљудувајќи ги девојчињата што сакаат да бидат витки и убави, момчињата што „тресат“ глупости само за да провоцираат или затоа што се вљубени. Но Нора на посебен начин го набљудува светот околу себе и кога ќе ја запознае Роми, ќе сфати зошто. Има музика во воздухот, телото на Нора се менува, а гасениците излегуваат од своите кожурци. Од перспектива на главната протагонистка, филмот бележи едно лето на промени. Приказна за созревањето и сексуалното будење, урбана ЛГБТ-драма и љубовна приказна меѓу две девојки.

Проследено со разговор за филмот.

Струга, Центар за култура / летна сцена 9-10 јули

Петок, 9 јули 2021

21:00
Краток MK филм: ЉУБОВНИКОТ, режија: Игор Иванов, 8′

21:30
ХАКЕР (97′ | Данска, 2019)

13-годишниот талентиран хакер Бенџамин открива дека мајка му не починала во сообраќајна несреќа пред многу години, како што му било кажано. Трагата посочува кон високи службеници во данската тајна служба, па Бенџамин заедно со својата нова другарка Савана тргнува на стресна потрага да ја дознае вистината за исчезнувањето на неговата мајка.

Проследено со разговор за филмот.

Сабота, 10 јули 2021

21:00
Краток MK филм: ГРАДИНА ОД КАМЕН, режија: Даријан Пејовски, 12′

21:30
ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ПРИНЦОТ (77′ | Франција, 2019)

Патешествието на Принцот е напната анимирана авантура поткрепена со богата визуелна слика на фантастични светови и со промислена приказна за тековните дилеми на современиот свет. Стравот од различноста, (не)еднаквоста на различните култури, зачувувањето на природата, односот кон добрината и улогата на човекот во светот се само дел од темите што ги опфаќа филмот. Анимиран филм за деца и возрасни.

Проследено со разговор за филмот.

Крива Паланка, Струмица, Струга