ЧЕКАЛНА

Како уметнички колектив, инспирирани од делото на Клаус Пол „Waiting room – Germany“, ја поставуваме оваа документарна театарска претстава, засновајќи ја на нашето истражување за начините на кои непрестајната општествена транзиција се одразува врз личното секојдневие на луѓето во изминативе 3 децении. Секоја приказна што ја одбравме да биде дел од оваа претстава имаме обврска да ја пренесеме автентично, запазувајќи ги поединечните ставови, размисли и доживувања на секој од интервјуираните луѓе. 

Со тоа потенцираме дека приказните што ќе ги слушнете, не подразбира дека пренесуваат некаков личен став или гледиште на индивидуите кои се дел нашиот колектив.

Играат: Дарко Ристовски, Наталија Ристеска, Никола Ристески, Стефанија Митовска, Марија Димитрова, Томислав Давидовски

Режија: Кристина Димитрова
Драматизација: Ева Камчевска
Продуцент: Дино Чупевски
Сценограф: Мартин Манев
Дизајнер на светло: Игор Митревски
Композитор: Томе Темелкоски
Графичка дизајнерка: Ива Јованова
Продукција: Граѓанско здружение за култура и уметност „Атриум“ – Скопје


сала 25 Мај