BOY HARSHER во Скопје
Kултните BOY HARSHER се едно од најголемите имиња во електронската ”dark wave” сцена на 21 век. Сурова енергија, моќни индустриски призвуци и интимни лирики. Концертот на BOY HARSHER е спектакл што не смее да се пропушти! Приклучете се кон времето што доаѓа!
Boy Harsher е мрачно електронско дуо од подземјето на САД. Нивната музика претставува совршен сплет меѓу индустриски призвуци и интимни лирики. Дуото има големо искуство во полето на филмска уметност, што е видно во нивниот живописен синематски израз на нивниот перформанс.
Boy Harsher започнуваат на почеток на 2013 под името Teen Dreamz. Со созревање на проектот и внесување на инструменти со денс влијание, музиката станува подинамична и спонтана, па во јануари 2014 групата го добива името Boy Harsher.
Yr Body is Nothing, нивниот деби албум е издаден во јуни 2016 преку Atlanta D K A Records.
Албумот е снимен во Нортхамптон, Масечусетс. Првото издание е веднаш распродадено,а второто е објавено во јануари 2017 пред нивната тура во САД.
Вториот албум е Lesser Man со кој ја придобиваат светската публика и стануваат еден од влијателните групи, формирајќи нов правец и движење во електронската музика.
HIDE се постиндустриско дуо базирано во Чикаго. Заедно уште од 2014 година, парот создава композиции-аудиоколажи користејќи комбинација од сопствени теренски снимки и аудиореференци од поп-културата.
Во 2016 го издаваат краткиот албум „Black Flame“, кој обработува приказни за кршењето на човековите права во Иран, оттука поставувјќи се како социјално ангажиран состав, кој со своето творештво ги изразува своите политички ставови.
Во 2017 го издаваат албумот „Castration Anxiety“, кој адресира проблеми со нееднаквите динамини на моќта и репрезентација на маргинализираните заедници во општеството. Нивниот втор албум „Hell is Here“ издаден во Август 2019, ја продлжува понатамошната еволуција на бендот.
Болната вистина и искреното разгледување на најтемните и често недискутирани делови од животот испливуваат на површината во овој албум.
Билетите се достапни во билетарницата на МКЦ и на bileti.mkc.mk
- Настанот ќе биде организиран со почитување на актуелните ковид-протоколи