BOOKSTAR 2022

Фестивал на европската литература

Oсмото издание на фестивалот е под мотото BRAVE NEW WOR(L)DS.

Бучни. Силни. Мирни. Живи. Диви. Мили. Нови. Тивки. Ровки. Јаки. Гласни. Гнасни. Сласни. Страсни. Расни. Бесни. Храбри…
Храбри нови зборови од храбри нови автор(к)и!
Храброст:
Вид збор: именка, женски род
одважност, смелост, кураж

3 октомври:

15:00 – сала „Фросина“
– „За потеклата и случајностите што (не) постојат“ (претфестивалски настан) – видеоразговор со авторот Саша Станишиќ (Германија)
Модератори: Елена Конеска Светиева и Саша Станишиќ

17:00 – Џебно кино, МКЦ
Поткаст „Гол ручек“ со Душко Крстевски и Ирса Сигурдардотир (Исланд)

18:00 – Џебно кино, МКЦ
Поткаст „Гол ручек“ со Душко Крстевски и Кристина Гавран (Хрватска)

19:00 – сала „Фросина“
– Отворање на 8’ Саем на европската литература
Презентација на книжарницата на тркала „Зборче“
– Коктел и запознавање на гостите

19:30 – сала „Фросина“
– Отворање на фестивалот „BookStar“ 2022 и почесно обраќање на Никола Маџиров (Maкедонија)
– „Тајните на животот, мистериите на литературата“ – разговор со авторката Ирса Сигурдардотир (Исланд)
Модератори: Јордан Коцевски и Александар Маџаровски

20:30 – сала „Фросина“
„Нова бугарска книжевност“
Разговор со авторите Оља Стојанова Џакова (Бугарија) и Петар Денчев (Бугарија)
Модератори: Владимир Јанковски и Душко Крстевски


4 октомври:

15:00 – Џебно кино, МКЦ
„Storytelling: раскажи ја приказната за себе“
Креативна работилница со Кристина Гавран (Хрватска)

17:00 – Џебно кино, МКЦ
Поткаст „Гол ручек“ со Душко Крстевски и Петар Денчев (Бугарија)

18:00 – Џебно кино, МКЦ
Поткаст „Гол ручек“ со Душко Крстевски и Надја Теранова (Италија)

19:00 – сала „Фросина“
„Наградата за литература на Европската Унија: Националниот наспроти меѓународниот книжевен контекст“
– Разговор со EUPL авторите Даина Ополскаите (Литванија), Петар Андоновски (Македонија), Владимир Јанковски (Македонија)
Модератори: Билјана Црвенковска и Александар Маџаровски

20:00 – сала „Фросина“
„V+V=W“ – разговор со авторот Игор Штикс (Хрватска)
Модератор: Јелена Лужина

21:00 – сала „Фросина“
„Историјата како приказна, приказната како историја“ – разговор со авторите Кристина Гавран (Хрватска) и Богдан-Александару Станеску (Романија)
Модератори: Билјана Црвенковска и Александар Маџаровски


5 октомври:

17:00 – Џебно кино, МКЦ
Поткаст „Гол ручек“ со Душко Крстевски и Даина Ополскаите (Литванија)

18:00 – сала „Фросина“
Кино проекција на филмот „Петтиот брод“ (2017)
Режија: Ивета Грофова

19:30 – сала „Фросина“
„Секое несреќно семејство е несреќно на свој начин“ – разговор со авторките Надја Теранова (Италија) и Моника Компаникова (Словачка)
Модератори: Билјана Црвенковска и Александар Маџаровски

20:30 – сала „Фросина“
Претставување на наградата за најдобар превод „Драги“ – постхумно доделување на првото почесно признание на Драги Михајловски


21:00 – сала „Фросина“
„Војната нема женско лице“ – награда „BookStar“ 2022 – видеоразговор со авторката Светлана Алексиевич (Белорусија)
Модератори: Андреј Јованчевски и Лидија Танушевска

сала Фросина, кафе МКЦ, џебно кино