„БОГОВИТЕ ОД МОЛЕНБЕК“

проекција на филм и презентација

GODS OF MOLENBEEK / БОГОВИТЕ ОД МОЛЕНБЕК

Финска, Белгија, Германија/ 2019/ 73’

Растејќи во областа Моленбек во Белгија, меѓу бомбардери самоубијци и полициски патроли, шестгодишните другари Атос и Амине задираат во егзистенцијални прашања што ги мачат теолозите и мислителите уште од дамнина. Има ли нешто таму горе? Дали природата е некаков бог? Атос сака да си најде свое божество, следејќи го примерот на Амине која верува во Алах. Но сето ова се усложнува кога неговиот пријател Фло го истакнува својот став дека „луѓето што веруваат во Бога се тотално луди… луди бидејќи веруваат дека Бог некогаш постоел, а не е така“. Овие деца им одржуваат лекција на возрасните, покажувајќи зошто и кога луѓето се имаат отуѓено од сопствената човечност.

Режиja: Reetta Huhtanen
Сценарио: Reetta Huhtanen
Монтажа: Jamin Benazzouz
Снимател: Hannu-Pekka Vitikainen
Музика: Senjan Jansen, Tuomas Nikkinen, Cassis B. Staudt
Продукција: Hannu-Pekka Vitikainen, Zone2 Pictures Oy


По проекцијата ќе следи краток разговор за филмот и досегашните активности од пилот проектот „Користење на документарен филм како алатка во наставата во средното образование“.
За професорите од средните училишта ќе бидат обезбедени прирачници со инструкции за користење на двата филма на часовите.

Проектот е дел од фондот „Градиме мостови“ на мисијата на ОБСЕ во Скопје.


  • Влезот е бесплатен, бројот на посетители е ограничен;
  • Настанот ќе се одржи со почитување на актуелните ковид-протоколи,

сала Фросина