Битрикс – Годишен концерт

Годишен концерт на Битрикс културно-уметнички центар за 2022 година. Битрикс се повеќекратни шампиони на локални, регионални, интернационални и светски натпревари. Тие се креатори на платформите „Битрикс Танцова лига“, „Битрикс спешлс“, „ВАДА – Виртуелна американска танцова академија“ со Амбасадата на САД, „Позитивен рефрен“ со Europe House Skopje, и сл. Креатори се на многу танцови претстави во мешани жанрови, меѓу кои и најуспешната „Тишина“, премиерно изведена во Националната опера и балет во 2018 година. Со истата претстава, а поддржани од УНИЦЕФ, патуваат низ 15 градови низ Македонија. 

На концертот ќе се претстават танчарите членови на Битрикс во изведба на танцови кореографии по хип-хоп, современ танц и денсхол, а во кореографија на: Елена Стојкоска, Надја Лукановска, Ива Георгиева, Михаела Дамчевска, Ана Ковачка, Теодора Ковачка, Мила Стојановска, Јана Лукровска, Никола Игновски и Ивана Балабанова. 


сала Фросина