Big Time Takover Erasmus+ проект

Во деновите што следат на гости ни се партнерите од Associazione culturale Mulab од Италија, Rinova Limited (Велика Британија), HFC-Hope for children CRC Policy Center (Кипар) и Fundacija Arteria (Полска). МКЦ од јуни 2021 е дел од овој значаен меѓународен проект развиен преку „Ерасмус KA2 Програмата за соработка и инвовација и размена на добри пракси на Европската унија за стратешки партнерства, кои вклучуваат образовни програми за млади“. Проектот има за цел да ги поттикне младите да ја користат својата креативна моќ и потенцијалот на модерната технологија за да проговорот на прашањата што ја засегаат заедницата. МКЦ во овој проект ја согледува можноста да ги вклучи младите во креирање на содржина што е во склоп на проектните активности и цели, но најмногу во интерес на сегашната итност во креирање на грижлив пристап кон природата.

Резултат на нашиот удел во проектот е прекрасната Градиднина!

Јавниот дел на програмата се состои од отварање на изложба во Галерија 2 МКЦ во понеделник, 24 април, со почеток во 18:00 часот која нуди можност да се запознаат учесниците и да се претстави документација на активностите на сите партнери од проектот BIG TIME TAKEOVER. Од Македонија ќе биде претставен трудот на ученичките Ева Божиновска, од С.У.Г.С. „Никола Карев” во Скопје, која ја напиша приказната *Гаја и Градината*, дистописка претстава за свет во кој се губи контактот со природата, која потоа беше илустрирана од Елена Апостоловска, Мирјана Спасоска и Јана Стефановска, ученички во втора година во средното уметничко училиште ДСУЛУД ,,Лазар Личеноски” во Скопје, на одделот за мултимедија. Во тек е подготовка на публикација која ќе биде промовирана пред јавноста во текот на месец мај.

Следниот ден, во вторник, на 25 мај со почеток во 10:00 часот во Кино Фросина (регистрацијата е отворена во 09:30), ќе се одржи завршната конференција. Вовен збор ќе имаат Марга Арсова, координаторка на проектот заедно со Христина Иваноска и Јане Чаловски, визуелен уметници и ментори. Ќе следува презентација на Хајан Ал Халаби, познавач во областа на пермакултурата и соработник во проектот „ГРАДИДНИНА: Градината како инструмент, пермакултура како методологија“. Ќе следат презентации на партнерите како и завршни презентации од нашите партнери и нивните проекти развиени во рамки на BTTO.