БЕЛАТА Е НАЈСТРАШНАТА БОЈА

Промоција на збирката раскази „Белата е најстрашната боја” од Ирена Јурчева

Ова е нејзина прва прозна книга и е добитник на наградата за најдобар дебитантски прозен ракопис „Новите!”, којашто во декември 2019 година ја додели издавачката куќа „Темплум”.

„Белата е најстрашната боја” e втора книга на Ирена Јурчева, која покрај проза пишува и објавува поезија, а активна е и како проучувач и преведувач на фантастичната литература.

Промотори ќе бидеат писателот и професор Владимир Мартиновски и книжевницата Мања Величковска. Раскази ќе чита поетесата Катерина Гогова, а музичкиот дел е на групата „Калевала”.

Авторката го води раскажувањето со забележлива будност за местото на секој збор, изразот ѝ е истенчен и лесен. Вешто ги користи стилските средства и ги плете слоевите на значењата. Евидентна е нејзината подготвеност за експериментирање, но и дисциплината таквите исчекорувања да ги задржи во стегната, складна целина. Овие две вештини се важни, особено кај дебитантски ракопис низ кој авторката очигледно сѐ уште го бара сопствениот глас. Автентичноста и искреноста во ракописот во комбинација со солидната книжевна вештина ги зацврстува расказите и во најнаивните моменти.

FB event >Повеќе за книгата >

Галерија 2