БЕЛА НОЌ 2020

И покрај пандемијата, БЕЛА НОЌ и оваа година со свое издание на неколку локации низ Скопје. Програмата во МКЦ е следната:

20:00 ПОВТОРНО НА НУЛАИзложба на Илина Арсова Галерија 2

„Пандемијата од вирусот Ковид 19 ненадејно го затекна светот, како да сме повлекле рачна кочница сред автопат. Огромен број невини жртви, вондредна состојба, која предизвика страв и несигурност, пропаднати бизниси, зголемен процент на семејно насилство, дечиња оставени без настава, уметници оставени на работ на егзистенцијата… Од друга страна самоизолацијата и рестрикциите неретко беа и позитивно искористени. Зближување со фамилијата, читање, пишување и убави филмови, разни вежби и медитација, кои се покажаа успешни за одржување на позитивен дух кога сите планови ни се срушени…
…Барем јас така се насочив. Затворив еден креативен, професионален и емотивен циклус и отворив врата кон новиот почеток.
Враќањето од Антарктикот на самиот почеток од годината и завршувањето на мисијата 7 врвови на 7 континенти, го доживеав како огромно олеснување, истовремено како висококреативна храна за ликовното творештво. Сликарството прочистено од боја и форма, го заокружи циклусот, враќајќи се до почетната точка на скица и цртеж. Ликовниот израз во последните години доби нови димензии преку нови современи практики. Како најсвеж концепт го заокружувам и перформансот НУЛА (ZERO), каде што уметникот се претопи во ликовното дело, начнувајќи нови, подлабоки теми на истражување. Токму перформансот НУЛА (ZERO), на некој начин го повика, или предвиде новиот почеток, каде што светот сериозно треба да размисли во која насока треба да го насочи својот нов почеток“.

 

20:00Мултимедијална ретроспективна изложба во чест на Димитар Младено – Галерија МКЦ

Во рамките на овогодишната Бела ноќ – Мултимедијална (изложба, музика, поезија) ретроспективна изложба во чест на академскиот сликар Димитар Младеновски (1970-2007). Изложба на досега необјавени дела (графики, цртежи, рачно изработена хартија) организирана од Здружение за културна мотивација Култи Ватор од Скопје.
Рецитал на поезија од Димитар Младновски.
Настап на Диџеј.
* Изложбата ќе биде отворена за посета до 2.10.2020 година.

 

18:00 – 1:00 Ние сме од Скопје – ПМГ фестивал 10 – парк МКЦ

Настапуваат: Aleksandar Veliki, Kanton6, PMGKolektiv, BarumBarum, Galatheia, Robotek, Iskra, Svetlost, Sethstat, Vidinovski

*Бројот на посетители е ограничен, влез само со бесплатни билети, кои може да ги набавите онлајн на bileti.mkc.mk

  • Настаните ќе бидат реализирани по соодветен протокол, запазувајќи ги препорачаните мерки за заштита. Ве молиме придржувајте се до истите;
  • Забрането е внесување храна и пијалоци