КОНЦЕРТНА ПРОМОЦИЈА НА ПРВОТО ИЗДАНИЕ „ОД ЕКОТ НА ПРЕДОКОТ“
Авелина е уникатен неофолк-бенд од Македонија започнат како-соло проект на Сара Александровска (вокал и тамбура).
Истражувајќи ги корените на македонскиот фолклор во потрага по музичка инспирација и поврзаност помеѓу современите музички трендови и традиционалните народни мотиви, заедно откриваат мноштво изненадувачки сличности и разлики, кои ја истакнуваат уникатноста на македонскиот фолклор. Ова е токму она што ќе го најдете во песните на Авелина, бенд што се обидува да ги замагли границите и да гради мостови што ќе ги поврзат традицијата и современиот живот.
Настапите на Авелина се разновидни, со концерти и интерактивна музичка медитација каде што публиката е поканета да се приклучи во мантричното пеење заедно со бендот.
- Настанот е организиран согласно протоколите за организирање настани во затворен простор. Ве молиме да се придржувате кон истите. Бројот на посетители е намален (70 седишта), носењето маски е задолжително за време на целиот настан.