ПРОМОЦИЈА НА КНИГА ОД ДЕНИС ЈАНКУЛОВСКИ
„Авантурите на Космонаутко“ е првото прозно дело на Денис Јанкуловски, познат во јавноста како Космонаутко.
Јанкуловски ги објавува неговите приказни од ковид-времето, а тие се топли, искрени, секојдневни и вистинити, полни со надеж. За многумина, Јанкуловски е еден од најголемите и најискрените хуманитарци од Македонија.
- Добитник е на наградата „Европеец на годината“ за 2020 година, доделена од Делегацијата на Европска унија во Македонија
- Добитник на наградата „Филантроп на годината“ за 2021 година, доделена од Horus Macedonia
- Прогласен за Амбасадор на говор против омраза од страна на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Македонија, во 2022
- Добитник на државната награда „Мето Јовановски“ за промоција, заштита и унапредување на човековите права, во 2022
На промоцијата ќе настапат:
– Дени Жерновска
– Инклузивно танцово студио „Денсерс Jунајтед“
– Инклузивен хор на Трисомија 21 и колектив Ветерница