Арт-терапијата го користи уметничкиот медиум како примарен начин на комуникација и ги комбинира различните креативни техники од ликовна, музичка, драмска терапија, терапија со движење, семејна терапија итн.
Уметноста овозможува учење преку активности што го охрабруваат и олеснуваат едукативниот и социјалниот развој. Арт-терапијата овозможува поголем степен на самоспознавање и креативност, како кај типичните деца, така и кај децата со попреченост во развојот.
Преку работилниците на арт-терапија имаме за цел детето да дознае повеќе за своето минато, да ги увиди предметите, музиката, носиите од тоа време и да му се помогне да учествува во изработка на дел од нив.
Со оваа техника на работа кај децата ќе влијаеме да го задржиме вниманието при работата, ќе го развиеме интересот кон нови нешта, ќе ја подобриме фината моторика како и трпеливоста и истрајноста во работата. Најважното од сѐ, ќе делуваме врз можноста на професионална ориентација, каде што во иднина може и ќе им биде професионална определба, а со тоа нема да бидат општествен терет, туку рамноправно ќе придонесуваат во општеството. Како краен продукт е најважниот психолошки елемент: задоволство од изработеното.
Работилниците ќе се одржуваат во ДКЦ при МКЦ, 5 пати во времетраење од 2 часа секоја работилница.
Учесници на првата работилница од овој проект ќе бидат децата од ОУ Маца Овчарова од Велес.
Работилница 1
Активности:
1. Презентација на македонски народни носии
Работилница 2
Активности:
1. Презентација на традиционални видови дизајн на бои и шари
Работилница 3
Активности:
1. Презентација на традиционален накит
Работилница 4
Активности:
1. Презентација на традиционални глинени садови – слики и вистински предмети
Работилница 5
Активности:
1. Презентација на традиционалните веселби – свадба од западниот регион – видеозапис