*Одговорен за реализацијата: Јaсмина Лукановска, специјален едукатор, арт-терапевт
На 4.6.2020, четврток, од 14:00 ќе се одржи петтата работилница од проектот, која ќе биде со наслов: Традиционален накит
Поради новонастанатата ситуација заради заштита на здравјето на децата и нашето приморани сме оваа петта, последна работилница да ја направиме on-line.
Децата ќе се запознаат дека меѓу наједноставните форми на китење, тесно сврзано со телесниот изглед, а во тој контекст и на носиите претставува украсувањето со природни средства од најблиската околина, како на пример: со босилок, со џунџуле или со друг вид цвеќе, што се носеле заденати зад увото, во косата, на појасот, в рака, и слично. Венец од бршлен или китки од цвеќе, носеле невестите на главата, китка цвеќе (зетовска китка) носел и младоженецот, како и сите учесници на свадбениот церемонијал… Сличен начин на украсување на главата со цвеќе се практикувал и во многу други средини. Накитот најпрво бил украс од цвеќе, а потоа во таква форма почнал да се изработува од благородни метали. Накитот се изведувал од разновиден материјал: злато, сребро, месинг и метални легури. Во Македонија е познат охридскиот бисер. Се изработуваат бројни ланчиња, алки, обетки од бисер.
Децата ќе добијат насоки за изработка на ѓердан и алка од бисер, како и од дрвени монистри. Воедно ќе изработат и шема со помош на срма конец по која се изработувал филигран накитот.