Преку Арт-терапијата децата со посебни потреби и нивните родители го запознаваат културното богатсво во музеите на град Скопје
Живееме во едно инклузивно општество каде што сите ресурси што ги поседува еден град треба да им бидат на дланка на луѓето, да знаат дека тие ресурси постојат и дека се достапни за секого и во секое време.
Децата со посебни потреби и нивните родители се една маргинализирана група на која ѝ е потребна една поттикнувачка и поддржувачка насока, каде што само за момент ќе излезат од своето секојдневие и за еден миг ќе запловат во водите на своите предци.
Преку проектот сакаме учесниците да се запознаат со Музеите (Природно-научниот музеј, Музеј на Град Скопје, Национална галерија – Мала Станица, Даут Пашин-Амам). Освен што ќе имаме запознавање преку прошетка низ музејот, тука ќе бидат вклучени кратки предавања, насоки, како и креативни изработки преку арт-работилници во Музеите. Преку овие работилници ќе видиме како децата ги доживуваат овие места, какви емоции будат во нив. На овој начин даваме една можност за поголема соработка и дружење.
Предвидени се 6 работилници. Во секој музеј ќе имаме по две посети. И крајниот продукт ќе биде организирање изложба од изработените креативни дела во просториите на ДКЦ.
На овој начин децата со посебни потреби и нивните родители:
- ќе поминат убаво, квалитетно испланирано време;
- ќе се запознаат со местоположбата на Музеите;
- ќе ги видат содржините на истите;
- ќе бидат дел од креирање на еден уметничко-историски продукт;
- ќе се запознаат со духовното богатство на нашиот град;
- ќе бидат дел од културните настани во нашиот град.
На овој начин ќе овозможиме и овие лица да бидат рамноправни членови и секојдневни посетители на овие места. А со тоа овозможуваме едно повисоко културолошко функционирање на сите поедници во ова инклузивно општество, со акцент на почитување и негување на историските и духовните вредности.
Во проектот ќе биде вклучен еден дефектолог, арт-терапевт со долгогодишно искуство во својата работа и ликовен педагог.
- првата работилница е на 12.6.2021 во Природонаучниот музеј
- втората работилница е на 3.7.2021 во Национална галерија – Мала станица
- третата работилница е на 21.8. 2021 во Даут-пашин амам од 10:30
- четвртата работилница е на 18.9.2021 во Музеј на Град Скопје од 12:00
На 20.9.2021 ќе биде поставена изложбата базирана на претходните работилници