„Архиметрии“ – изложба на Андријана Тилиќ

Архитектонски фотографии на Андријана Тилиќ

„Архиметрии“ е прва самостојна изложба на фотографии на архитектот и архитектонски фотограф Андријана Тилиќ. Проектот има уметничко-истражувачки карактер и ја афирмира естетиката на архитектнската фотографија.
Проектот има за цел да го истражи архитектонскиот јазик на модерната, но и на современта архитектура воопшто, да ја предочи заемната длабока врска на фотографијата како медиум и архитектурата. Да ги истакне посебноста и значењето на архитектонската фотографија, како релевантен визуелен медиум, како и промовирање и документирање на архитектонското домашно и странско наследство.
Проектот е замислен како панорамска изложба на фотографии во кои главниот мотив и конструкт е архитектурата. Фотографиите во себе содржат повеќе вредности како што се ликовната естетика, естетиката на архитектонскиот јазик, како и документарна вредност.
Во фокусот на нејзиното истражување во фотографијата е откривање и потенцирање на формата, скулптуралноста, графизмот, текстуралноста и други фактури што сведочат за одреден архитектонски јазик, но и за еден авторски агол на гледање и градење на современата архитектонска фотографија.

Андријана Тилиќ живее и работи во Скопје. Таа е дипломиран архитект при Архитектонскиот факултет во Скопје, активен магистрант на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Професионално се занимава со фотографирање на архитектонски простори, соработувајќи со голем број ахитектноски бироа. Притоа активно придонесува за развојот и афирмацијата на архитектонската фотографија во нашата замја.

Галерија МКЦ